Прада и LG го претставија новиот телефон

Објавено на 16.12.2011 во Новости



Прада и LG го претставија новиот телефон

 

Компаниите LG Electronics иПрададенеска го претставија мобилниот телефон LG Prada 3.0 – резултат на партнерството кое совршено ги усогласува врвниот стил и напредните перформанси во еден уред. Овој мобилен телефон е трет модел кој се појавува благодарение на соработката на двете компании и претставува врвен дизајнерски потфат.

LG PRADA 3.0 смарт телефонот го комбинира препознатливиот стил на Прада со иновативната технологија на компанијата LG, вклучително и еден од најголемите и најдобрите екрани од 4,3 инчи и 800 нити кои во моментот постојат на пазарот.

Со препознатливиот дизајн на Прада, овој уред поседува екран чувствителен на допир од предната страна и шарата Saffianoна Прада на позадината. Со секој детал кој е дизајниран да придонесе за минималистичкиот стил, овој уред поседува и LG Floating Mass технологија, оптички намалувајќи ја дебелината на телефонот, која веќе има импресивни 8,5 мм длабочина, со копчиња кои совршено се вклопуваат во едноставниот и шик дизајн.

Овој модел е исто толку привлечен колку што е едноставен. Поседува процесор со брзина од 1.0 GHz соdual-core иdual-channel архитектура и двоен опсег на wi-fi стандардите кој овозможува сурфање со голема брзина.

LG Prada 3.0 смарт телефонот поседува и специјално развиен кориснички интерфејс кој нуди можност за избор на главно мени и икони во црна, сива и бела боја. Овој интерфејс им овозможува на корисниците да уживаат во сите предности на последната верзија на оперативниот систем на Android Gingerbread,  со можност на надоградување со оперативниот системAndroidIce Cream Sandwich.

Овој модел користи 800 нитен High Brightness екран со дијагонала од 4,3 инчи, на кој можете да гледате фотографии и видео содржини  дури и доколку сончевите зраци се директно вперени во него. Покрај ова, LG Prada 3.0 смарт телефонот поседува и камера од 8 мегапиксели и меморија од 8GB.

Со телефонот корисниците добиваат и PRADA брендирана футрола и bluetooth слушалки.

 

Спецификации:

  • Оперативен систем: Android Gingerbread
  • Меморија: User 8GB
  • Дијагонала на екранот: 4.3 инчи
  • Резолуција: WVGA (800 x 480)
  • NOVA екран: 800 nit
  • Камера: 8MP
  • Процесор: 1.0GHz соdual-core иdual channel архитектура
  • Батерија: 1540mAh