Garmin Pay отсега достапна и за корисниците на Visa картички на Халкбанк

Објавено на 30.03.2022 во Новости



Garmin Pay отсега достапна и за корисниците на Visa картички на Халкбанк

Со Halk Visa Garmin Pay може лесно да плаќате отсега ако сте корисник на Халкбанк. VTS (Виза Токен Сервис) е нова безбедносна технологија од Visa со која што се заменува бројот на картичката со единствен дигитален идентификатор, наречен токен.

Токенот овозможува плаќањата да бидат направени без изложување на сензитивните податоци од картичката. За сето тоа да биде овозможено, треба прво да ја инсталирате апликацијата Garmin Connect Mobile (GCM) на Вашиот мобилен уред и направете профил. 

Во менито, треба да ја одберете опцијата Garmin Pay, со цел да го креирате вашипт дигитален паричник и да ја токенизирате Вашата Халкбанк Visa платежна картичка. 

Треба да одберете четирицифрен код за заштита на Вашиот Garmin Pay паричник. Во менито одберете го брендот Visa, со цел да ја токенизирате Вашата Visa платежна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје. Во соодветните полиња пополнете ги бараните податоци за Вашата платежна картичка.

Потоа ќе треба да ги одобрите сите дозволи што ви ги бара апликацијата и со СМС код ќе треба да го потврдите својот профил и дигитализацијата на Вашата Visa картичка. Ова важи за сите што поседуваат Garmin смарт часовник со Garmin Pay функционалност, платежна картичка издадена од Visa и Garmin Connect апликација на својот мобилен уред.