Техничарите на Apple веќе нема да ги поправаат украдените телефони
Објавено на 31.03.2022 во Новости
Apple неодамна им испрати порака на вработените во Apple Store и сите овластени сервиси од кои се бара да не поправаат телефони што се пријавени како исчезнати. Тога значи дека секој пат кога сопственик на iPhone ќе донесе уред на поправка, вработениот мора да провери интерно дали уредот е пријавен во базадата на GSMA Device Registry.
Кога корисниците го губат телефонот или е украден, може да го пријават во глобалната база на податоци GSMA Device Registry. Врз основа на тие податоци и единствениот сериски број (IMEI), вработените во Apple ќе знаат дали уредот е исчезнат или украден.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.