Поради растот на цените на горивата, расте продажбата на електрични тротинети

Објавено на 01.04.2022 во Новости



Поради растот на цените на горивата, расте продажбата на електрични тротинети

Со новиот раст на цените на горивата, повторно се зголеми интересот за превозни средства на струја. Така се зголеми побарувачката за електрични автомобили, електрични велосипеди и електрични тротинети. Зголемената побарувачка за велосипеди и тротинети беше зголемена и за време на пандемијата.

Трошоците за месечниот превоз растат константно, па кога цените на нафтата и горивата почнаа да растат, медиумите најмногу пишуваа за побарувачката за електрични велосипеди, но последните продажни резултати велат дека е зголемена и за тротинетите. Продажбата на електрични тротинети овој месец е двојно зголемена во споредба со претходниот месец, а во споредба со лани, за 70%.

Автор: Aleksandar Stankov