615 милиони долари исчезнаа во најголемата кражба на криптовалути

Објавено на 01.04.2022 во Новости



615 милиони долари исчезнаа во најголемата кражба на криптовалути

Блокчејн компанијата Ronin објави дека хакерите и земале криптовалути од системот, во вредност од 615 милиони долари. Тоа е најголемата кражба во историјата на парите. 

Неименуваните хакери на 23 март украле 173,600 токени на ether и 25,5 милиони токени на USD Coin. Вкупната вредност на тие криптовалути моментално изнесува 614 милиони долари. Истрагата е се уште во тек, а хакерите уште не се најдени.