„Мислам дека така е најдобро“: Маск сепак нема да влезе во управниот одбор на Twitter

Објавено на 12.04.2022 во Новости



„Мислам дека така е најдобро“: Маск сепак нема да влезе во управниот одбор на Twitter

Илон Маск веднаш почна со промени во Twitter, откако купи акции и сакаше да влезе во управниот одбор. Параг Агравал, извршниот директор на Twitter, вчера изјави дека Маск сепак одлучил дека не сака да влезе во управниот одбор на компанијата.

Причините за таа одлука се непознати, но едно е сигурно, тој со влегувањето во Twitter предизвика големо незадоволство кај дел од вработените. Тие стравувале дека шефот на Tesla ќе ја наруши културата на компанијата. Самиот Агравал соопшти лично дека мисли дека така е најдобро.