Илон Маск сака да го преземе Twitter, понуди откуп на акциите

Објавено на 15.04.2022 во Новости



Илон Маск сака да го преземе Twitter, понуди откуп на акциите

Еден од најпопуларните корисници на Twitter и најголем акционер наскоро би можел да стане стопроцентен сопственик на компанијата и социјалната мрежа. Како што покажуваат податоците на американската Комисија за хартии од вредност и берзата, Маск е спремен да плати по 54,20 долари од акција, што е за 50% поголема цена во споредба со цената на акциите еден ден пред да почне да инвестира во Twitter.

Тој износ е за 38% поголем во споредба со цената на акциите на денот пред податоците за инвестицијата да станат јавни. Во овој обид за преземање на компанијата, Маск не сака да преговара и јасно дава до знаење дека ако не се прифати неговата понуда, ќе размисли за својата позиција како акционер на компанијата. Според цената што ја понуди, тој би ја преземал компанијата за 43,4 милијарди долари