Илон Маск сака да го купи Twitter, а управниот одбор му спрема „горчлива пилула“

Објавено на 16.04.2022 во Новости



Илон Маск сака да го купи Twitter, а управниот одбор му спрема „горчлива пилула“

Илон Маск понуди да купи акции и да го преземе управувањето со компанијата на Twitter. Дел од акционерите се изјаснија дека цената по акција од 54 долари е  прениска, така што нема да ги продадат своите акции за таква понуда.

Идејата дека Илон Маск ќе биде шефот на Twitter, не му се допаѓа ниту на челните луѓе на компанијата . Управниот одбор изгледа дека ќе ги одбие апетитите на Маск за Twitter, кој размислува за користење на методот наречен „горчлива пилула“, код што се користи кога непријателот сака да ја преземе компанијата и се спречува да стекне мнозински удел од компанијата.