Илон Маск има „план Б“, ако Твитер ја одбие понудата за купување

Објавено на 20.04.2022 во Новости



Илон Маск има „план Б“, ако Твитер ја одбие понудата за купување

Милијардерот Илон Маск сака да го купи Твитер, но Управниот одбор на компанијата му забрани да купува повеќе акции за да не стане доминантен акционер, кој што ќе има право да одлучува. Во минатиот четврток, Маск објави понуда од 43 милијарди долари за купување на социјалната мрежа.

Сега, во интервју за Крис Андерсон, извршниот директор на Тесла, Илон Маск, изјави дека има доволно средства за да ја купи компанијата и веќе има подготвено „план Б“, доколку управниот одбор повторно реши да ја одбие понудата. Се уште не знаеме кој е „планот Б“, но сигурни сме дека Маск нема туку така да се откаже од Твитер.