Perseverance сними видео со затемнување на Сонцето на Марс

Објавено на 23.04.2022 во Вселена



Perseverance сними видео со затемнување на Сонцето на Марс

Роверот Perseverance на НАСА ја сними Фобос, една од месечините на Марс, како поминува меѓу Сонцето и Црвената планета. Овие набљудувања можат многу да им помогнат на научниците за подобро разбирање на орбитата на Месечината и како нејзината гравитација ја влече површината на Марс, што на крајот ги обликува кората и обвивката на Црвената планета.

На 2 април, 397-миот марсовски ден, затемнувањето траело околу 40 секунди, што е многу пократко од типичното затемнување на Сонцето со Месечината на Земјата.  Инаку, Фобос е за 157 пати помал од Земјината Месечина. Другата месечина на Марс, Деимос, е уште помала.