POCO F4 GT планира да го руши пазарот со ниска цена, само за гејмери
Објавено на 28.04.2022 во Игри
POCO е компанија формирана од Xiaomi, која пристигна на овој свет за да се бори во светот на мобилните гејмери. POCO F4 GT е наследникот на POCO F3 GT, кој ќе ви даде екстра перформанси, без да ви ги испразни џебовите.
POCO F4 GT има Snapdragon 8 Gen 1 процесор, LPDDR5 RAM меморија и UFS 3.1 меморија и достапен е во две верзии: 8/128GB и 12/256GB. F4 GT доаѓа со патентираната технологија на Xiaomi - LiquidCool Technology 3.0, 120W HyperCharge, кој се полни до 100% за само 17 минути.
POCO F4 GT е достапен во црна, жолта и сребрена боја. 8GB + 128GB верзијата чини €599, додека 12GB + 256GB верзијата чини €699. Започнува со продажба од денес, 28 април.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.