SpaceX се убедени дека луѓето ќе стигнат на Марс до 2030г.

Објавено на 09.05.2022 во Вселена



SpaceX се убедени дека луѓето ќе стигнат на Марс до 2030г.

Основачот на SpaceX, Илон Маск, претходно изјави дека пред 2030 година сака да ја реализира првата мисија на Марс. Сега истото го потврди и претседателката во истата компанија Гвин Шотвел

„Мислам дека ќе се реализира во оваа деценија. А на Месечината и порано. Мислам дека мора да испратиме конкретна мисија на Марс, бидејќи тоа ќе ги натера луѓето да почнат да размислуваат за тоа. А потоа, мислам за 5-6 години, луѓето ќе сфатат дека тоа е вистинското место на кое што можат да отидат“, изјавила Шотвел за CNBC

За таа цел мора да се изгради и леталото Starship, на кое што од SpaceX работат веќе со години.