BMW: Новите возила без CarPlay и Android Auto поради недостаток на чипови

Објавено на 09.05.2022 во Електричен погон



BMW: Новите возила без CarPlay и Android Auto поради недостаток на чипови

BMW мораше да го реши проблемот со снабдување со чипови поради светската криза со недостаток на чипови. Меѓутоа, поради некомпатибилноста на новите чипови со опциите Android Auto и Apple CarPlay, новите модели на автомобили се без тие опции.

BMW не објави за кои типови на автомобили станува збор, конкретно кои се без Android Auto и CarPlay. Според информациите од Automotive News Europe, возила без поддршка на тие сервиси досега се испорачани до корисниците на САД, Велика Британија, Италија, Шпанија и Франција.