Илон Маск го „притиска на пауза“ купувањето на Twitter

Објавено на 13.05.2022 во Новости



Илон Маск го „притиска на пауза“ купувањето на Twitter

Илон Маск изјави дека понудата за преземање на Twitter ја става на чекање. Сопственикот на SpaceX и Tesla Inc. понуди вртоглава цена од 44 милијарди американски долари за доминантна сопственост на социјалната мрежа Twitter.

„Договорот околу преземање на Twitter е привремено ставен на чекање, за да видиме дали лажните профили навистина претставуваат 5% од корисниците“, објави Маск на својот Twitter профил.

Поради оваа вест, акциите на Twitter паднаа за над 20% пред отварањето на берзата. Twitter не се огласи после барањето да го коментира најновиот развој на настаните.