Марк Цукерберг најави поддршка за NFT на Instagram и Facebook
Марк Цукерберг објави на Facebook дека со поддршката за незаменливи токени почнуваат уште оваа недела. NFT наскоро ќе бидат достапни на Instagram и Facebook, па во компанијата се надеваат дека оваа технологија ќе добие многу поголем број на корисници.
Незаменливите токени на почетокот беа дпстапни само за мал број на американски креатори и сопственици, а ќе се прикажуваат на Instagram Feed, на Story и во пораките. За прикажување и споделување на NFT, Instagram нема да зема провизија, изјави првиот човек на социјалната мрежа, Адам Мосери. Објасни дека прво почнуваат со тестирање на мал број на корисници со цел да може да учат од заедницата. После Instagram и Facebook, незаменливите токени би можеле да почнат да се појавуваат и на уште една популарна платформа на Meta - WhatsApp, но треба да се нагласи и дека плановите за тоа се уште не се официјално објавени.
Мосери рече дека NFT, блокчејн и Web3 се базираат на децентрализација и распределба на довербата и моќта. Instagram на почетокот ќе има поддршка на NFT на блокчејнот на Ethereum и Polygon, а потоа и оние на Solana и Flow.