Канада официјално го забранува пистапот на 5Г мрежата на Хуавеи

Објавено на 20.05.2022 во Новости



Канада официјално го забранува пистапот на 5Г мрежата на Хуавеи

Владата на Канада официјално го забранува пристапот на кинеската меѓународна корпорација „Хуавеи Технолоџис“, најголемиот глобален производител на телекомуникациска опрема. Забраната важи до следната генерација на мобилни мрежи во Канада.

Одлуката на владата на канадскиот премиер Џастин Трудо, ја потврди и портпаролот на министерот за јавна безбедност на Канада. Развојот на интернет мрежата од петтата генерација, им овозможува на корисниците побрзи интернет-врски, што обезбедува огромен капацитет за податоци како одговор на сѐ поголемата побарувачка на тоа поле, бидејќи сѐ повеќе работи се поврзани на интернет и се појавуваат иновации како виртуелната реалност, сѐ пософистицирани видеоигри и самоуправувачки возила.