Netflix за само 3 месеци изгуби повеќе претплатници, одошто во последните 5 години

Објавено на 21.05.2022 во Новости



Netflix за само 3 месеци изгуби повеќе претплатници, одошто во последните 5 години

Netflix акциите вредеа по 700 долари на берзата во ноември, додека сега изнесува 180 долари. Самата компанија вреди 81 милијарди долари, што значи дека во ноември вредеше над 300 милијарди долари.

Првото тримесечје компанијата изгуби 3,6 милиони корисници, кои што ја откажале претплатата на Netflix, што е повеќе од еден милион, во споредба со последните пет квартали, кога бројката се движеше околу 2,5 милиони. Експертите сметаат дека претплатниците може да се вратат на Netflix само доколку се објави некоја атрактивна серија.