Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupe од 1965 продаден е за 142 милиони долари

Објавено на 23.05.2022 во Електричен погон



Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupe од 1965 продаден е за 142 милиони долари

Стариот добро познат Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupe од 1955 година е продаден за неверојатна сума од 142 милиони долари. Не е нов модел со иновативна технологија, туку моделот е стар над 60 години. Се разбира, се што било дел од колекцијата на автомобили од Mercedes е во одлична состојба.

Знаеме дека овој автомобил нема да достигне брзина од 300 km/h што ја имал во 1965 година, туку станува збор за прототип на автомобил, од кои што вкупно два се направени во цел свет. Именуван е според тогашниот главен инженер од компанијата Рудолф Уленхаут. Продаден е на почетокот на мај на затворена аукција одржана во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт.