Apple ќе префрли дел од производството од Кина во Виетнам и Индија

Објавено на 23.05.2022 во iOs



Apple ќе префрли дел од производството од Кина во Виетнам и Индија

Пандемијата ја парализираше глобалната логистика, па земјите од западот станаа свесни дека мора да почнат да размислуваат за намалување на зависноста од Кина и производите од далечниот исток. Истите проблеми се појавија кога Кина повторно беше затворена целосно, што предизвика големи доцнења и недостаток на пазарот.

Дел од компаниите почнаа да размислуваат за диверзификација поради намалување на зависноста од Кина. Apple така дел од производството сака да го префрли од Foxconn и Pegatron, во други компании во Индија и Виетнам.

Автор: Aleksandar Stankov