Руски мобилен оператор почна со продажба на користени телефони поради инфлацијата

Објавено на 25.05.2022 во Новости



Руски мобилен оператор почна со продажба на користени телефони поради инфлацијата

Светот се промени после инвазијата на Русија врз Украина. Настана инлфација, поскапување и недостаток на добра низ цел свет. Последици има на глобално ниво, а во голема мера и во Русија. Поради инфлацијата се намали куповната моќ на граѓаните и бројни западни компании се повлекоа од рускиот пазар и така нивните производи веќе станале недостапни. 

Поради таквата ситуација најголемиот руски мобилен оператор MTS почнал со продажба на користени смартфони, како и телефони достапни на големи попусти до 50%, со цел да се обезбедат ценовно прифатливи смартфони за граѓаните. На попусти биле кинеските брендови како што се Xiaomi, Honor, Huawei, исто како и јужнокорејскиот гигант Samsung.