Samsung ги претставува новите можности за користење на дигитален клуч за автомобили

Објавено на 26.05.2022 во Новости



Samsung ги претставува новите можности за користење на дигитален клуч за автомобили

Samsung Electronics и Hyundai Motor Group објавија дека електричното возило GV60 Genesis ќе биде првото што ќе поддржува дигитални клучеви со ултра широк опсег (UWB) достапни на Galaxy уредите.

Седумте најнови модели на паметни телефони Samsung Galaxy ќе поддржуваат дигитален клуч напојуван од UWB технологија. Дигиталниот клуч ќе биде достапен преку апликацијата Samsung Pass - систем за складирање на дигитални потписи, лични карти и лозинки и истата ќе ви овозможи да го отклучите автомобилот со вашиот паметен телефон.

Благодарение на овие опции, корисниците добиваат високотехнолошка надградба на своите автомобили. Корисниците можат да го отклучат својот автомобил преку својот паметен телефон со едноставно приближување до автомобилот, додека пак истиот може да се заклучи со едноставно допирање на сензорот на вратата. Безжичната технологија UWB му овозможува на паметниот телефон да се поврзе и директно да комуницира со автомобилот. Откако дигиталниот клуч ќе биде регистриран, GV60 може да ги идентификува овластените Galaxy уреди и да ја отклучи вратата без да користи физички клуч.

Помалку багаж со дигиталниот клуч во апликацијата Samsung Pass

Дигиталниот клуч е достапен преку апликацијата Samsung Pass, системот за складирање на дигитален потпис, лични карти и лозинки. До крајот на годината оваа услуга ќе биде проширена и на Samsung Wallet апликацијата, која исто така ќе им овозможи на корисниците безбедно да ги складираат и управуваат со дигиталните лични карти, авионски карти, ваучери и кредитни картички на паметениот телефон. Со апликациите Samsung Pass и Samsung Wallet, корисникот може да чува сè што му e потребно во текот на денот на едно безбедно и практично место.

Процесот на инсталирање и активирање на дигиталниот клуч е едноставен, во само неколку чекори дигиталниот клуч е подготвен за употреба. Сè што треба да направите за да го активирате е да ја инсталирате и отворите апликацијата Genesis Connected Service во автомобилот, да го изберете менито „Возило,“ потоа ја одбирате опција „Дигитален клуч,“ и на крај завршувате со опцијата „Регистрирај се.“ По регистрацијата, дигиталниот клуч е подготвен за употреба.

Полесен начин за отклучување на автомобилот

Во зависност од поставките на автомобилот, корисникот може да го отклучи автомобилот на два начина користејќи UWB. Вратата може да се отвори со притискање на рачката додека паметниот телефон е во чантата или џебот или може да се отклучи автоматски со помош на паметниот телефон со едноставно приближување до автомобилот. Двата методи може да се користат наизменично, така што секогаш можете да ја изберете опцијата што најмногу ви одговара.

Покрај функциите за отклучување и заклучување, има неколку други корисни функции во кои корисниците можат да ги уживаат од својот телефон, како што се свирење или палење на автомобилот пред да влезат во возилото со притискање на копчето за мотор во апликацијата Samsung Pass.

Споделете го вашиот дигитален клуч со семејството и пријателите

Корисниците можат лесно и безбедно да го споделат дигиталниот клуч со своето семејство или пријатели. Сè што треба да направите за да го споделите вашиот дигитален клуч со вашите три контакти е да ги изберете од списокот и да кликнете на „Испрати дигитален клуч“. Ова ќе испрати текстуална порака што ќе ги води низ поставувањето дигитален клуч на својот Galaxy паметен телефон. Откако клучот ќе се сподели, примачот може веднаш да почне да го користи со додавање на клучот во својот Samsung Pass. Сопствениците можат да контролираат колку долго дополнителните корисници имаат пристап до клучот и да го отповикаат пристапот доколку е потребно. Притоа, тие можат да бидат спокојни знаејќи дека нивниот дигитален клуч е безбеден благодарение на безбедносниот чип што го штити Samsung Pass. Процесот на автентикација во апликација гарантира дека сопствениците на автомобили секогаш имаат контрола врз тоа кој и кога може да го позајми клучот од автомобилот.

Компанијата Samsung најави дека сите корисници ги заслужуваат придобивките од дигиталниот животен стил. Токму затоа продолжува да работи на проширување на услугите за дигитални клучеви преку иновативни соработки со светските автомобилски компании. Целта е да се зголеми бројот на паметни телефони кои поддржуваат дигитални клучеви напојувани со UWB технологија.

Повеќе информации за UWB дигиталните клучеви и други производи може да најдете на следниот линк.