Google Street View слави 15 години постоење со 220 милијарди снимени фотографии

Објавено на 26.05.2022 во Новости



Google Street View слави 15 години постоење со 220 милијарди снимени фотографии

Google сервисот за преглед на патиштата слави 15 роденден. Google Street View за прв пат ги „прошета“ своите корисници во 2007 година на улиците во Сан Франциско, Њујорк, Лас Вегас, Мајами и Денвер. Со своите камери вградени во автомобилите, Street View ја обиколи целата Земја. И тоа над 400 пати. 

Направени се над 220 милијарди фотографии и поминале над 16 милиони километри. Освен улици и трговски центри, ја фотографирале и внатрешноста на културните знаменитости, вселената, па дури и океанот. Како 15-годишната прослава, корисниците имаат на располагање 15 неверојатни Street View колекции, кои ги вклучуваат веќе спомнатите колекции со Бурџ Калифа, Ајфеловата кула и Таџ Махал, четири целосно нови колекции и Street View фотогорафии.