Електричниот Mercedes EQG може да се врти 360 степени како тенк

Објавено на 26.05.2022 во Електричен погон



Електричниот Mercedes EQG може да се врти 360 степени како тенк

Електричниот Mercedes EQG е во фаза на развој, кој ќе биде електрична верзија на легендарната G-класа. Корисниците имаат големи очекувања од новиот модел, при што во меѓувреме на интернет е објавено првото видео од возилото за тестирање, кое што се врти 360 степени, исто како тенк. 

Ова не е прв автомобил со ваква опција, Rivian претходно го понуди исто така, но сепак се откажа од него, па нема да се вградува во сериските автомобили и пикапите. EQG се очекува да пристигне со четири електромотори, посебен за секое тркало, кои што му ја овозможуваат оваа егзибиција.