Sony годинава очекува повисока продажба со PlayStation 5 од PS4

Објавено на 27.05.2022 во Игри



Sony годинава очекува повисока продажба со PlayStation 5 од PS4

Sony најави дека го зголемува производството на конзоли поради огромната побарувачка и ситуацијата со малопродажните синџири се подобрува. PlayStation 5 се соочи со големи проблеми поради недостатокот на чипови и затоа многу помалку се продава во споредба со четворката. 

Јапонската компанија се надева дека ситуацијата ќе се промени и дека третата година, продажбата на новиот PS5 ќе ја надмине продажбата на PlayStation 4. Извршниот директор на компанијата, Џим Рајан, изјавил дека производството сега се зголемува „на ниво што никогаш порано не било достигнато“, додавајќи дека ситуацијата со „синџирите за малопродажба се подобруваат“.