Twitter казнет 150 милиони долари поради повреда на лични податоци

Објавено на 29.05.2022 во Новости



Twitter казнет 150 милиони долари поради повреда на лични податоци

Социјалната мрежа ги прекршила правилата на FTC, со тоа што ги измамила корисниците во која мера Twitter ја одржува и штити безбедноста и приватноста на личните податоци за контактите на корисниците, соопшти американското министерство за правда (DoJ).

Во тужбата се наведува дека Twitter им рекол на корисниците дека собира лични податоци со цел за да се зголеми безбедноста на профилот, но не открива и дека податоците ќе се употребат за наменско рекламирање. Тоа се случувало од мај 2013 до септември 2019 година. Казната од 150 милиони долари значи дека тужбата против Twitter е сериозна мерка против технолошките гиганти, за кои службите нема да имаат милост при повредата на правата на корисниците.