Google Pixel 7 и 7 Pro ќе имаат слични перформанси како Pixel 6

Објавено на 30.05.2022 во Android



Google Pixel 7 и 7 Pro ќе имаат слични перформанси како Pixel 6

Google Pixel 7 и 7 Pro нема да се разликуваат многу од 6-генерација на смартфони, со тоа што веќе и дизајнот е објавен на интернет неофицијално, а и дел од спецификациите. Седумката би требало да пристигне во октомври, а дотогаш откриваме дека нема да има многу разлика во главните спецификации на новите смартфони.

Pixel 7 и 7 Pro се очекува да пристигнат со истите екрани како нивните претходници во 2021 година. Pixel 7 би требало да ја има истата резолуција од 2400 x 1080 пиксели и 90Hz стапка на освежување на екранот. 7 Pro би можел само да го зголеми капацитетот на батеријата, со тоа што ќе овозможи основен режим за снимање во 1080p. 

Автор: Aleksandar Stankov