Frontier е најбрзиот суперкомпјутер на светот, прв ја проби бариерата на егзафлоп

Објавено на 31.05.2022 во Новости



Frontier е најбрзиот суперкомпјутер на светот, прв ја проби бариерата на егзафлоп

Системот на Frontier моментално е вграден во Националната лабораторија Oak Ridge (ORNL) во САД и потврдено е дека е најбрзиот суперкомпјутер во светот. На Top500 списокот на најбрзи суперкомпјутери на светот е потврдено дека Frontier ја пробил бариерата од еден егзафлоп и брзина од 1,102 егзафлопи и така станал најбрзиот суперкомпјутер на светот.

Неговите перформанси се мерат со бројот на операции со подвижна запирка во секунда (engl. floating-point operations per second, FLOPS), а егзафлоп (eng. exaFLOP) е ниво на перформанси на компјутерски системи, доволни за извршување од десет до осумнаесет операции во секунда. Frontier е двојно побрз од второпласираниот компјутер и побрз од вкупната брзина на сите седум суперкомпјутери што следуваат на листата.