Шефот на Ford: Почнува ценовната војна на пазарот на електрични возила

Објавено на 03.06.2022 во Електричен погон



Шефот на Ford: Почнува ценовната војна на пазарот на електрични возила

Електричните автомобили се уште се поскапи во споредба со возилата со внатрешно согорување, но сепак очекуваме да станат поевтини. Илон Маск спомна дека цената на Tesla може да се намали на 25 илјади долари. VW го демонстрираше проектот со ID.Life, чија цена би требало исто така да се движи околу 25 илјади долари. 

Првиот човек на Ford, Џим Фарли, смета дека доаѓа времето кога ќе има војна за цените меѓу автомобилските компании. Како почетна цена за e-возилата се спомнува околу 25 илјади долари.