Враќање кон инстинктите: Nothing го претставува првиот телефон наскоро

Објавено на 10.06.2022 во Новости



Враќање кон инстинктите: Nothing го претставува првиот телефон наскоро

После долгото исчекување Nothing конечно ја објави датата кога пред светот ќе го претстави својот прв смартфон. Со мотото “Return to Instinct” претставувањето на телефонот ќе се одржи во Лондон, 12 јули, 2022 година. Како што најавуваат од Nothing, се работи за Nothing phone, кој што го нарекуваат нивниот најважен производ, а претставувањето ќе може да се следи и во живо преку live stream.

„Сакаме технологијата да ја направиме повторно забавна, но и да заборавиме на се што индустријата не научи“, истакнуваат од Nothing.

Се работи на неконвенционален дизајн во споредба со останатите модели на телефони на пазарот, ќе има транспарентно куќиште, ќе бидат со одличен квалитет и добри цени. Nothing Phone се очекува со AMOLED дисплеј од 6,4 инчи, FullHD+ резолуција, 90Hz, Qualcomm Snapdragon 778G процесор, 8GB RAM+ 128GB ROM меморија, тројна задна камера од 50MP + 8MP + 2MP и селфи камера од 32MP.





Прочитајте повеќе: