Почнува „најамбициозниот период за Apple”

Објавено на 27.06.2022 во iOs



Почнува „најамбициозниот период за Apple”

Пред Apple е „најамбициозниот период на претставување на нови производи во историјата“, коментирал Марк Гурман, за периодот од оваа есен до следната 2023 година. Apple традиционално во есента ги претставува новите модели на премиум смартфони, смартчасовници и iPad, но екипата на Тим Кук овој пат спремила повеќе производи.

Според Гурман, компанијата во тој период ќе претстави два нови модела на Mac Mini, со M2 и M2 Pro процесори, два нови модела на MacBook Pro лаптопи со M2 Pro и M2 Max чипови и нова верзија на Mac Pro со најмоќните M2 чипови. За почетокот на 2023 година е планирана нова верзија на MacBook Air, но со третата генерација на M-чипови, најверојатно M3

Нов смарт звучник HomePod се очекува исто така, како и надградената верзија на Apple TV. iPhone 14 серијата веќе знаеме дека излегува есенва, го очекуваме Apple Watch 8 и втората генерација на SE