Гејмерската индустрија руши рекорди со 2,34 милијарди долари во 2021г.
Објавено на 27.06.2022 во Игри
Гејмерската индустрија е една од најмоќните во светот, која е во константен раст. Податоците што ги објави PwC во својот извештај "Global Entertainment & Media Outlook 2022-2026" покажуваат дека со својот раст ги надминува и најоптимистичните прогнози на растот.
Глобалниот сектор за забава и медиуми (E&M) минатата година имал нагло растење. После пад од 2,3 % поради пандемијата во 2020 година, приходите во секторот за забава и медиуми пораснале за 10,4 % во 2021 година, од 2,12 на 2,34 милијарди долари. Секторот станува се подигитален, помобилен и насочен кон младите, виртуелната реалност и гејмингот, велат од PwC.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.