Michelin и Bamford London ќе изработат 133 часовници со лимитирана едиција

Објавено на 29.06.2022 во Новости



Michelin и Bamford London ќе изработат 133 часовници со лимитирана едиција

Michelin во партнерство со Bamford London ќе произведе 133 специјални часовници од рециклирана гума. Целта на француската компанија е да го рециклиура отпадот и да направи лимитиран број на часовници, со алки од Pilot Sport гуми. 

133 часовници ќе има како симболика за 133 години постоење на компанијата Michelin, основана во 1889 година. Часовникот Michelin x Bamford B347 Pilot Sport ќе се базира на моделот Bamford B347 од Швајцарија, кој излезе во 2021 година.

Специјалната едиција на часовник ќе биде со куќиште со големина од 41,5мм, изработено од карбонски влакна и ќе чини околу 2.900 евра.