Летачки хотел за 5.000 луѓе со вештачка интелигенција

Објавено на 30.06.2022 во Новости



Летачки хотел за 5.000 луѓе со вештачка интелигенција

Футуристичкиот хотел Sky Cruise изгледа како комбинација од џамбо џет и голем крузер. Благодарение на нуклеарниот погон, Sky Cruise може да лета со години, без потреба од слетување.

Летечката тврдина има капацитет за 5 илјади луѓе, додека за управувањето на авионот нема да има пилот, затоа што со него ќе лета вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција ќе предвидува турбуленции, така што Sky Cruise ќе може да помине преку нив без никакви проблеми. Летачкиот хотел ќе биде со 20 електрични мотори, а благодарение на нуклеарната енергија, никогаш нема да остане без гориво.