Нови проблеми во Tesla, 200 работници се отпуштени од Autopilot

Објавено на 01.07.2022 во Електричен погон



Нови проблеми во Tesla, 200 работници се отпуштени од Autopilot

Tesla го згасна тимот за означување на податоци што функционира со нивниот Autopilot. Отпуштени се речиси 200 вработени и затворена е нивната канцеларија во Сан Матео, Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.

Наводните отпуштања следувале поради намалување на бројот на работни места во Tesla. Отпуштањата биле насочени кон персоналот што порано се сметал за критичен за напредниот систем на Tesla за возачите - Autopilot. Илон Маск сака да развие автоматизирани функции за возење преку FSD системот вреден 12.000 долари во малопродажба.