Google најави автоматско бришење на локации од посета на клиники и слично

Објавено на 03.07.2022 во Новости



Google најави автоматско бришење на локации од посета на клиники и слично

Google тврди дека во наредните недели ќе почне со автоматско бришење на посета на клиники за абортуси, засолништа за жртви на семејно насилство, клиники за слабеење и други потенцијално чувствителни локации од историјата на своите корисници.

Google вели дека бришењето ќе се реализира набрзо после посетата, така што нивните системи идентификуваат дека дошло до патување на една од наведените локации.