Galaxy Z Fold 4 ја подобрува камерата со 50MP сензор

Објавено на 06.07.2022 во Преклопни уреди



Galaxy Z Fold 4 ја подобрува камерата со 50MP сензор

Слика од интернет имплицира дека Z Fold 4 ќе пристигне со ист модул на камерата како претходникот, но ќе биде со 50MP главен сензор на камерата. Се зборува и дека Samsung ќе ги претстави новите Galaxy A Fold и A Flip преклопни телефони во иднина. 

Подобрениот систем на камерата ќе помогне да се привлечат оние што останаа настрана од преклопните телефони поради слабата камера. Сензорот од 50MP ќе биде придружен од ултра-широк сензор од 12MP и 12MP телефото камера со 3x оптички зум. Колку за споредба Fold 3 има 12MP главна камера, 12MP ултра-широка камера и 12MP телефото камера со 2x зум.