iPhone за прв пат ќе поддржува NFC тагови со iOS 11

Објавено на 07.06.2017 во Новости



iPhone за прв пат ќе поддржува NFC тагови со iOS 11

Apple веќе со години ја игнорира Near Field Communications технологијата за поврзување и пренос на податоци, но се чини дека претстојните iPhone 7 и iPhone 7 Plus за прв пат ќе имаат поддршка за NFC тагови со надградбата на оперативниот систем iOS 11.

Toa значи дека со вашиот iPhone ќе може да скенирате NFC таг и да добиете конкретни информации за одредени содржини, мултимедијални презентации и описи. 

NFC таговите се почесто се користат во комерцијални и институционални објекти за полесно и директно информирање на посетителите или корисниците со скенирање преку смартфонот. 

За користење на NFC технологијата за поврзување на iPhone со надворешен уред засега нема информации, освен дека ќе се користи за преглед на надворешни апликации и прием на нивни функции. 
 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}