Twitter тестира интересна опција за заедничка објава на твитови меѓу 2 корисника

Објавено на 08.07.2022 во Новости



Twitter тестира интересна опција за заедничка објава на твитови меѓу 2 корисника

Twitter започна со лимитирано тестирање на новите опции, со кое што на корисниците ќе им се овозможи да создаваат заеднички објави. Наречената "CoTweet" опција овозможува за два профила заедно да создаваат објава и да бидат означени во ист твит.

Од Twitter објаснуваат дека целата постапка на креирање на CoTweet е прилично едноставен. Два корисника треба да се договорат околу текстот на заедничкиот твит, преку директни пораки. Кога текстот на објава ќе биде усогласен, еден од ко-креаторите на CoTweet испраќа повик до ко-авторот, а кога тој ќе го прифати повикот, се објавува заеднички пост на профилите на двата автора и така станува видлив за следбениците за двата корисника.