Претставена првата фотографија со јато вселени од Џејмс Веб

Објавено на 12.07.2022 во Вселена



Претставена првата фотографија со јато вселени од Џејмс Веб

Првата фотографија на НАСА од најновиот вселенски телескоп Џејмс Веб, ја претстави американскиот претседател Џо Бајден на настан во живо, со брифинг од Белата куќа.

„Денес е историски ден“, рекол Џо Бајден на почетокот на својот говор.

Овие слики ќе демонстрираат дека ништо не е над американските можности, порача Бајден. Прикажаната слика со јато на галаксии SMACS 0723 е преполна со детали. Илјадници галаксии, вклучувајќи ги најслабите предмети во инфрацрвено зрачење, прв пат се појавиле во видокругот на Џејмс Веб. Светлата што ги гледате се стари 13 милијарди години.