Twitter официјално поднесе тужба против Илон Маск поради откажување од купувањето

Објавено на 13.07.2022 во Новости



Twitter официјално поднесе тужба против Илон Маск поради откажување од купувањето

Twitter поднесе тужба против Илон Маск во вторник, поради одбивање на исполнување на своите обврски. Маск сепак објави дека нема да ја купи социјалната мрежа.

Во поднесената тужба се наведува дека проблемот е во тоа што е потпишан договор за купување во април годинава. Во договорот пишува дека Twitter ќе биде купен за 54,2 долари од акција, т.е. за 44 милијарди долари. Според адвокатите на Twitter, Маск треба да плати 1 милијарда долари оштета.