Amazon ги менува плановите за изградба на нови канцеларии

Објавено на 19.07.2022 во Новости



Amazon ги менува плановите за изградба на нови канцеларии

Во време кога следува криза и луѓето сакаат да работат од дома поради пандемијата, компаниите ги стопираат градежните процеси за изградба на повеќе канцеларии поради проширување на бизнисот. Amazon така одлучи да ја стопира градбата на претходно најавените шест канцелариски згради во Bellevue и Nashville. 

Компанијата не се откажала од градбата, но се одлучила за промена на дизајнот, со цел да се прилагодат кон новите услови, односно хибриден начин на работа, така што временскиот рок на завршувањето ќе се продолжи. Со оглед на тоа што сите вработени нема да се истовремено во своите канцеларии, туку дел ќе бидат во канцелариите, а дел дома, во канцелариските згради ќе бидат потребни помалку места.