OnePlus 10T официјално излегува на 3 август со Snapdragon 8+ Gen 1

Објавено на 21.07.2022 во Новости



OnePlus 10T официјално излегува на 3 август со Snapdragon 8+ Gen 1

OnePlus го најави следниот модел OnePlus 10T, кој официјално излегува на 3 август. Официјалниот настан ќе се одржи во Њујорк. OnePlus 10T се очекува со високо тело и 6.7-инчен OLED екран од 120Hz, Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1.

RAM меморијата од 12GB ќе помага за брзината на уредот, додека меморијата од 256GB ќе ви овозможи повеќе слики и видеа. Огромната батерија од 4,800mAh и супер брзото полнење од 150W ќе ви овозможат долготрајна достапност. Настанот ќе биде официјално достапен на овој линк.