Телескопот Webb ќе ве воодушеви со виолетовата галаксија

Објавено на 23.07.2022 во Вселена



Телескопот Webb ќе ве воодушеви со виолетовата галаксија

Вселенскиот телескоп James Webb го воодушеви цел свет со првите фотографии од длабоката вселена. И тоа не се само оние неколку фотографии што НАСА спектакуларно ги претстави минатата недела. Речиси секојдневно на Земјата ни испраќа нови неверојатни фотографии.

Научниците со посебно внимание ја проучуваат секоја фотографија, а остатокот на светот може само да се восхитува на убавините од вселената што Webb ги „фатил“ со својот објектив. Една од таквите фасцинантни фотографии е онаа од спиралната галаксија Messier 74, која што од Земјата е оддалечена отприлика 32 милиони светлосни години и често се спомнува како школски пример за спирална галаксија.

Оваа галаксија е составена од ротирачки диск со слабо видлива група на ѕвезди собрани околу неа. Се проценува дека околу 60% од сите галаксии во вселената спаѓаат во спиралните галаксии, вклучувајќи ја и нашата. Фасцинантна темно виолетова боја, зар не?