Запленети над 400 iPhone-и од „фарма за кликови“

Објавено на 14.06.2017 во Новости



Запленети над 400 iPhone-и од „фарма за кликови“

Веќе е познато дека низ светот купуваат кликови, лајкови и посетеност, односно, компаниите плаќаат на фарми за кликови со цел да прикажуваат лажни посети на интернет страниците и на тој начин да заработат од реклама на интернет. Последниот инцидент од Тајланд е евиденција за тоа колку се моќни овие фарми. Полицијата уапсила тројца мажи и запленила повеќе од 400 iPhone телефони, 340 илјади неискористени СИМ картички и 10 компјутери.

Полицијата направила рација во еден стан, поради основано сомнение дека таму има лажен кол центар. Кога го пробиле станот, имало различни модели на iPhone 4S, 5C и 5S. Сите телефони биле поврзани со компјутери, на кои имало отворено профили од најпопуларната кинеска социјална мрежа WeChat, која брои над 700 милиони корисници.

Кинезите признале на полицијата дека биле платени од кинеска компанија, која им ја дала цела опрема и ги плаќала по 4.000 долари месечно, со цел да ја зголемат нејзината активност на социјалната мрежа.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}