Samsung го претрка TSMC и почна со испорака на 3nm GAA чиповите

Објавено на 27.07.2022 во Android



Samsung го претрка TSMC и почна со испорака на 3nm GAA чиповите

Колку помал е процесниот јазол, толку поголем е бројот на транзистори што може да собере во чипот. Ова е многу важно, затоа што чиповите така се енергетски поефикасни и транзисторите се помоќни. Сега Samsung  неофицијално станал првиот производител што почна со испорака на 3nm GAA чиповите, со што го претрка TSMC

Samsung нема да биде единствениот што ќе испорачува чипови со 3nm процес на производство, туку ќе биде првиот со GAA (gate-all-around) транзистори. Со GAA, има повеќе проток на струја и поголема енергетска ефикасност кај технолошките уреди, што е голем плус. 

Автор: Aleksandar Stankov