Gmail го промени интерфејсот, достапен за сите корисници веднаш

Објавено на 29.07.2022 во Android



Gmail го промени интерфејсот, достапен за сите корисници веднаш

Google го освежува интерфејсот за Gmail, достапен отсега за сите корисници. Новото лице ги става Meet, Chat и Spaces како дел од целокупното искуство и вклучува елементи од Google Material Design 3. 

Од Google тврдат дека корисниците на таблетите подоцна оваа година би требало да ги видат подобрувањата на Gmail, со подобра поддршка за емотикони и повеќе спецификации за пристапност. Ако користите Gmail за работа, промената можеби е веќе и воведена на вашиот профил. Оние што едноставно не можат да ја поднесат промената, може да ја исклучат и да ја вратат на стариот изглед. Ако немате овозможен Chat, и понатаму ќе добиете нов изглед.