A1 Македонија уште поблиску до своите корисници - мобилни продажни салони до најоддалечените места

Објавено на 01.08.2022 во Новости



A1 Македонија уште поблиску до своите корисници  -	мобилни продажни салони до најоддалечените места

Скопје, 1.08.2022г. – А1 Македонија ја унапредува својата продажна мрежа и уште повеќе се доближува до своите корисници со воведување супер модерно опремени мобилни продажни салони преку кои се достапни сите А1 услуги како и во секој продажен салон. 

Двете мобилни продавници ги имаат сите карактеристики на продажен салон и се уредени според најновите светски стандарди кои се во согласност со А1 Телеком Австрија Групацијата што подразбира интерактивен пристап на продажба чија цел е да обезбеди премиум корисничко искуство.

Мобилните продавници на секој корисник му овозможуваат да биде во центарот на комуникацијата, директно да добие информации за производите и услугите и на тој начин непосредно и многу полесно да направи избор на услуги согласно своите потреби.

“Овојпат се доближуваме на корисниците во најоддалечените места во земјата и им посакуваме топло добредојде овозможувајќи им премиум корисничкото искуство најблизу до нивните домови исто како и во сите продажни салони ширум земјата.  Со двете мобилни продавници, жителите во оддалечените места добиваат модерно место каде ќе се чувствуваат пријатно додека ги избираат телекомуникациските услуги кои одговараат на нивните потреби. Ова е уште еден доказ за нашите заложби за постојано подобрување на продажната мрежа согласно потребите на корисниците”, изјави Александар Сарџовски, директор на одделот за продажба А1 Македонија. 

Во продолжение листата на локации предвидена за периодот од 1.08.2022г. до 14.08.2022г.

01.08.2022 Понеделник Охрид Парк 09:00 - 18:00

02.08.2022 Вторник Охрид Градиште 09:00 - 18:00

03.08.2022 Среда Охрид Љубаниште 09:00 - 18:00

04.08.2022 Четврток Струга Пливалиште - Барабар 09:00 - 12:00

05.08.2022 Петок Струга Еуротел 10:00 - 13:00

06.08.2022 Сабота Охрид Парк 09:00 - 18:00

07.08.2022 Недела Охрид Градиште 09:00 - 18:00

08.08.2022 Понеделник Охрид Љубаниште 09:00 - 18:00

09.08.2022 Вторник Струга с.Лабуништа 09:00 - 12:00

10.08.2022 Среда Струга с.Октиси 09:00 - 12:00

11.08.2022 Четврток Струга Пливалиште - Барабар 09:00 - 12:00

12.08.2022 Петок Охрид Парк 09:00 - 18:00

13.08.2022 Сабота Охрид Градиште 09:00 - 18:00

14.08.2022 Недела Охрид Љубаниште 09:00 - 18:00