OnePlus го претстави OnePlus 10T со брзо полнење
Околу половина година после претставувањето на предводникот OnePlus 10 Pro, One Plus ја претстави и неговата поевтина верзија. Тоа значи дека моделот OnePlus 10T ги нема сите премиум опции како Pro моделот, што најмногу се однесува на камерите и резолуцијата на екранот, но затоа може да се пофали со подобар процесор, брзо полнење и пониска цена.
Доаѓа со голем AMOLED екран со дијагонала од 6,7 инчи и резолуција од 1080x2412 пиксели со динамичка фреквенција на освежување на екранот, која што се менува од 60, 90 и 120Hz. Под хауба има Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, 16GB + 256GB меморија и капацитет на батерија од 4800mAh. Полнењето на батеријата изнесува 150W.
Телефонот се испорачува со OxygenOS 12.1 интерфејс, базиран на Android 12, а од компанијата велат и дека корисниците од овој телефон може да очекуваат четири години безбедносна надградба и три следни верзии на Google оперативен систем. Верзијата со 8/128GB меморија чини 699 евра, а со 12GB / 256GB меморија чини 799 евра.