YouTube наскоро ќе овозможи zoom во видеата

Објавено на 05.08.2022 во Новости



YouTube наскоро ќе овозможи zoom во видеата

Нова корисна алатка пристигнува наскоро на YouTube. Се уште не е официјално потврдено, но се зборува дека видео платформата работи на нова опција наречена "Pinch to zoom," што ви овозможува да ги зумирате видеата што ги гледате со тапнување на видео плеерот со двата прста.

Зумирањето е само експериментална алатка. Само YouTube Premium претплатниците може слободно да ги пробуваат сите експериментални алатки на YouTube. Оваа алатка ќе биде за нив достапна само до 1 септември. Потоа алатката наречена „Pinch To Zoom“ нема да биде достапна. 

Автор: Aleksandar Stankov