Поради напнатоста помеѓу Кина и Тајван, Apple ќе го одложи почетокот на продажбата на iPhone

Објавено на 08.08.2022 во iOs



Поради напнатоста помеѓу Кина и Тајван, Apple ќе го одложи почетокот на продажбата на iPhone

Тензиите меѓу Кина и Тајван не престануваат, земјите се спремаат на воен план и се повеќе се пишува дека голема е веројатноста Кина да го нападне Тајван. Apple за околу еден месец треба да ја претстави новата генерација на телефони, но поради новата ситуација, Тим Кук би можел да го одложи претставувањето, т.е. почетокот на продажбата на новите телефони.

Се поставуваат и прашањата за потенцијални недостатоци на новиот iPhone. Проблем се новите правила донесени од владејачката партија во Кина, според кои што за увоз се забранува да пишува „Тајван“.

Поради тоа, хардверот што се извезува од Тајван во Кина (Народна Република Кина) би можел да биде вратен на праќачот. Со оглед на тоа што Apple во своите уреди користи тајвански хардвер од TSMC чиповите, а чиповите се праќаат во Кина, Пегатрон, каде што се составуваат телефоните, изгледа дека тие чипови нема да стигнат во Кина навремено, евентуално ќе бидат вратени.